Трамп со хеликоптер пренесен во болница, но надлежностите не ги пренесе на Пенс

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е позитивен на коронавирус, префрлен е во болница, откако неговиот лекар соопшти дека тој чувствува замор, има грозница и покачена температура.

Портпаролката на Белата куќа Кејли Мекнени информираше дека Трамп е префрлен во воената болница „Волтер Рид“ во Мериленд и оти таму ќе престојува неколку дена.

На снимките од заминувањето на Трамп во болница се гледа дека тој е во добро расположение, иако со бавен од, во костум, со маска и со рака ги поздрави новинарите пред да влезе во хеликоптерот со кој беше пренесен во болница.

Мекнени прецизираше дека по препорака на лекарите и здравствените експерти препорачале тој да работи од претседателските канцеларии во болницата „Волтер Рид“. Медицински експерт за СNN рече дека возраста на Трамп (74) и прекумерните килограми го зголемуваат ризикот од хоспитализација при COVID-19.

Функционер од Белата куќа потврди дека Трамп ќе ги извршува своите должности од специјалниот апартман во воената болница и не му ги пренел надлежностите на потепретседателот Мајк Пенс.

Според протоколот за континуитет на влада во случај претседателот да е оневозможен да ги извршува своите должности, надлежностите ги презема потпретседателот, а доколку не може ни тој, тогаш претседателот на Претставничкиот дом, или во случајов демократката Ненси Пелоси.

Што се однесува на досегашниот третман за COVID-19, американскиот претседател Доналд Трамп доби ветувачки, но експериментален лек кој сè уште е во фаза на клинички испитувања, соопшти Белата куќа.

Трамп исто така добил цинк, витамин Д, аспирин, мелатонин и лек против жиговина, за кој се смета дека помага во борбата против COVID-19.

реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе