Трамп со прво интервју по изборите, уште не признава пораз

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го даде своето прво телевизиско интервју по изборите на 3 ноември, појавувајќи се на Fox Business News, и ги повтори неоснованите обвинувања за изборни измами.

Во телефонскиот разговор кој траеше околу 45 минути, Трамп ѝ рече на водителката на Fox, Марија Бартиромо, дека изборите се наместени и „целосна измама“, но дека судиите не сакаат да се мешаат.

Трамп го даде интервјуто откако републиканскиот сенатор Рој Блант, претседател на конгресниот комитет за инаугурација, рече дека очекува новоизбраниот претседател на демократите Џ Бајден да положи заклетва за нов претседател на 20 јануари.

„Ние работиме со администрацијата на Бајден, администрација што најверојатно ќе биде одговорна и за транзицијата и за инаугурацијата“, изјави Блант, гувернер од Мисури, за BBC.

Сепак, тој експлицитно не го спомна поразот на Трамп на 3 ноември.

URL

Гувернерот Аса Хачинсон од Арканзас е еден од ретките републиканци што зборуваше за Бајден за избран претседател.

„Најважна е транзицијата на власта“, изјави Хачинсон за Fox News Sunday.

Трамп го искористи интервјуто за да ги повтори обвинувањата што ги изнесе без докази, за широко распространета изборна измама, обвинувања што беа отфрлени од голем број судии.

Но, тој изрази сомнеж дали Врховниот суд би сакал да разгледа жалба за кој било случај што го застапува неговиот тим.

„Треба да дејствуваме многу брзо“, рече Трамп, но не даде датум до кога би ги сметал своите опции за исцрпени.

Скоро секоја тужба поднесена од кампањата Трамп беше отфрлена во судовите поради недостаток на докази. Тој рече дека ќе продолжи да се бори против изборните резултати. Најблиску до кој дојде да го признае поразот беше минатата недела кога Трамп рече дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Бајден биде потврден како победник кога Изборниот комитет ќе се состане на 14 декември.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе