Трезеге: Роналдо имаше проблеми со некои играчи во Јувентус

А.С.
/ 04.07.2021 / 14:05

Поранешниот напаѓач на Јувентус Давид Трезеге даде одлично интервју за Gazzetta dello Sport, во кое, меѓу другото, откри дека Кристијано Роналдо имал проблеми со некои соиграчи во Јувентус.

Според Трезеге, Роналдо бил најмногу вознемирен што клубот го продал Кингсли Коман на Баерн. Овој потег го смета за најголема грешка на клубот.

Поранешниот француски напаѓач уште важи за најдобар странски стрелец во историјата на Јувентус, а пред три години стана амбасадор на клубот.

„Роналдо е најдоброто засилување што го направи клубот, никој не можеше да го очекува тоа во тоа време. Кристијано имаше проблеми со соиграчите, тоа беше очигледно, но тој сепак постигна 100 гола. Мислам дека никој не го водеше Роналдо толку квалитетно како Зинедин Зидан, па можеби на Јувентус му недостасуваше дијалог“, рече Трезеге и додаде:

„Има тренери кои можат да им кажат на играчите дека одиграле лоши 90 минути и мора да им помогнат да победуваат на натпреварите. Има и играчи кои тренерите не сакаат да ги имаат против себе. Тоа е Роналдо. Исто така Дибала“.

реклама
 

Ново

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе