Трка со времето: Има ли надеж за децата во пештерата во Тајланд?

Во поплавената пештера, километар под земја и понатаму се заробени 12 деца од Тајланд и нивниот фудбалски тренер, а цел свет ја следи ситуацијата и чека позитивен исход.

Специјалистите на тајландската морнарица се спуштија во пештерата по неколкудневната потрага. Помеѓу седумте спасувачи се доктор и медицинска сестра, кои се понудија да останат со децата се додека тие не излезат, што би можело да се случи дури после четири месеци.

Децата, кои се на возраст од 11 и 16 години и нивниот 25-годишен тренер се пронајдени во понеделникот, после очајничката потрага која траеше девет дена. Децата се наоѓаа во пештерата Там Луанг, кога зголеменото ниво на вода не им дозволи да излезат и ги зароби во пештерата од 23 јуни.

Сега се појави нов голем проблем. Никој не знае како да ги извлече децата од пештерата.

Имено, за да дојдат до нив, спасувачите мораа да нуркаат повеќе стотици метри. Станува збор за мрачни, тесни и калливи тунели исполнети со вода, кои претставуваат огромен предизвик и за искусните нуркачи. Овој пат би можел да биде погубен за децата, посебно кога ќе се земе во предвид фактот дека тие се во слаба физичка форма, поради повеќедневниот престој во пештерата без храна и светлина, а воедно и тоа што не знаат да пливаат.

Спасувачите ги учат децата да нуркаат, во случај да мораат да го забрзаат процесот на спасување. Да се научат децата да нуркаат, би можело да биде единствениот начин за нив да излезат надвор, иако се разгледуваат и други опции.

Една од нив е и бушење на голема карпа, но отежнувачката околност  во тој случај е точното лоцирање на местото на кое треба да се буши, за да се дојде до децата.

Она што уште повеќе загрижува е тоа дека во следните неколку дена се очекуваат обилни врнежи од дожд.

Најлошите проценки велат дека децата би можеле да останат четири месеци во пештерата. Засега се работи на тоа со помпи да се спречи пораст на нивото на вода во пештерата, а спасувачите се обидуваат да инсталираат телефонски линии, за децата да можат да конрактираат со родителите, но тоа засега не им успева.

Иако засега ниту приближно не се знае кога ќе започне акцијата за спасување, пред пештерата постојано се наоѓаат доктори, во случај наеднаш да биде одлучено да започне спасувачката мисија.

Како еден од странските спасувачи, кој им помага на тајландските колеги, Британецот Бен Рејменантс, објаснува за медиумите на Островот, дека децата и нивниот тренер „влегле во пештерата за да дојдат до крајот на тунелот, да се потпишат на ѕидот и на крај да се вратат назад“.

Тајландската морнарница на социјалните мрежи објави неколку снимки од децата, кои заработиле полесни повреди на стапалата и нозете.

Во најновите снимки, едно дете им се заблагодарува на сите кои чекаат тие да бидат спасени, додека друго момче вели дека се чувствува добро.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе