Турција стави под карантин авион од Иран со 132 патници и членови на екипажот

Турските власти денеска во карантин ставија 132 патника и членови на екипажот на авионот на Turkish Airlines од Иран заради сомнение дека некој од нив е можно да е носител на новиот корона вирус.

Турското Министерство за здравство соопшти дека на сите лица од авионот им е одреден карантин од 14 дена во болница во Анкара специјално подготвена за тоа.

Агенцијата Анадолија наведува дека за 17 патници од летот има сомненија за присуство на корона вирус Covid-19, пред сѐ бидејќи имале покачена температура. Авионот слетал во Анкара на пладне, а првите примероци за тестирање на патниците им биле земени уште во авионот.

Турција во неделата го најави првото привремено затворање на својата копнена граница кон Иран, каде во последните денови постојано расте бројот на заболени од Covid-19.

Денешниот лет од Техеран бил наменет за враќање на Турците од Иран, наведе Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот турските власти презедоа драконски мерки во обид да се избегне заразата, од откажување летови до поставување термовизиски камери во Истанбул.

Министерството за здравство денеска нагласи дека досега во земјата не е потврден ниту еден случај на заразен со корона вирусот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе