На протестите во Сиетл се уапсени 45 лица под обвинение за напад врз полициски службеници и опструкција, а 21 полицаец е повреден, соопшти денеска локалната полиција.
Демонстрантите фрлале со камења, плински боци, пиротехнички средства и друг експлозив, нагласи полицијата, додавајќи дека некои од предметите предизвикале пожар.
Во протестите, кои полицијата ги опиша како „насилни“, еден полицаец бил хоспитализиран поради повреда на ногата предизвикана од експлозивна направа.
Во Сиетл се одржаа протести поради полициската бруталност и системскиот расизам.