Убавините на Француска Полинезија
Француска Полинезија е прекуморска територија во состав на Франција која се наоѓа во јужниот дел на Тихиот Океан. Изобилува со надреална убавина, чиста и бистра океанска вода и речиси недопрена природа, земна и водна.
Составена е од 5 архипелази со вкупно 130 острови и атоли. Најпознат е островот Тахити кој е и најнаселен. Главен град е Папете. Има вкупно 278.786 жители од кои 66,5 % се домородни Полинезијци, додека 11,9 европски доселеници. Официјален јазик е францускиот, но признати се и 7 домородни јазици.