Убавините на Маршалските Острови
Маршалските Острови се островска република сместена на архипелаг во регионот Микронезија во Океанија.
Составени се од 29 острови и атоли од кои најголем остров е Кваелин, додека најпознат е атолот Бикини на кој САД ја извршиле првата проба на атомска бомба.
Вкупната површина на државата е 181,43 км², а живеат 42.418 жители. Главен град е Маџуро, додека официјални јазици се маршалски, кој е домороден од микронезиското семејство, и англиски.
Туризмот не е развиена гранка, а економијата главно зависи од ловењето туна и бродската индустрија.