Убавините на Нова Каледонија
Нова Каледонија е архипелаг во Тихиот Океан, дел од подрегионот Меланезија, североисточно од Австралија.
Не е независна држава туку дејствува како прекуморска територија на Франција. Составена е од неколку острови со вкупна површина од 18.576 км² каде живеат околу 270 илјади жители.
Французите ја присвоиле во 1853 година, а посебен статус добила тек во 1946. Домороден е народот Канак кој и денес е најголема етничка група, но поради големиот број на француски доселеници со соочува со проблем да ја контролира својата татковина. Во изминативе две години беа одржани два референдума за независност на Нова Каледонија, но и на двата за малку не победи опцијата за отцепување (првиот 43,6%, вториот 46,7%) и тоа токму поради европските доселеници кои се против независност.
Главен и најголем град е Нумеа со 95 илјади жители. Официјален јазик е француски, но признати се и 39 домородни јазици.