Угостителите преку заеднички одлуки бараат решенија за да се премостат загубите во работењето

Угостителите бараат преку дијалог заеднички да се носат одлуки за начинот на кој ќе функционираат за да бидат применливи и да се намалат загубите кои ќе доведат до тоа поголем дел од угостителските објекти да не ја преживеат зимата, а неминовно ќе биде и рационализација на вработените. Предлаат заеднички да се носат решенија бидејќи протоколите што ги носат институциите не се применливи во пракса, а за што денеска ќе дискутираат на конференција организирана од Независната угостителска комора.

Претседателот на Комората, Здравко Јосифовски, вели дека преку дијалог сакаат да укажат дека со новите протоколи доколку се респектираат и се пристапи кон подигање на јавната свест и јавното здавје ќе се придонесе угостителските објекти да функционираат како што треба.

– Проблемот со кој се соочуваме е дека Комисијата за заразни болести носи одлуки и протоколои што теба да ги имплементираме, а кои во пракса не може да се спроведат. Од друга страна носат протоколи со кои се прават настани од големи размери со неколку илјади луѓе каде што не можат да се почитуваат протоколи, а истовремено немаме протоколи кои можеби ги засегаат угостителските објекти, како што се оние за правење свадби и оние кои работат како ноќни клубови, изјави Јосифовски.

Тој потенцира дека угостителите оваа година едвај ќе ја завршат со третина од приходите што ги остварувале претходно и кои нема да ги покријат ниту основните трошоци и оти доколку не се најде начин како да се надмине тоа поголем дел од угостителите нема да ја преживеат зимата.

– Имаме податоци, дека во Македонија се регистрирани 6.500 субјекти кои вршат угостителска дејност со околу 35.000 директно вработени и целокупниот приход што го оставувараат во изминатите години достигнува до 850 милиони евра, од кои над 100 милиони завршуваат во државната каса за даноци и 45 милиони за придонеси за вработени. Оваа година едвај ќе завршат со една третина, што ни од далеку не можат да ги покријат основните трошоци. Тие приходи ќе генерираат загуби и ако не се најде начин како да се премости, поголемиот дел од угостителите нема да ја преживеат зимата, истакна Јосифовски.

Наведува дека со ваквиот начин на работење ќе мора да ги рационализираат трошоците, што ги опфаќа и вработените.

– Се настојува секој вработен да се задржи, но треба да се сфати дека економската исплатливост на бројот на вработени и начинот на кој се работи досега не е ист како во минатото. Ние не ги викаме отпуштања, туку рационализација на трошоците кои се неминовни, потенцира претседателот на Независната угостителска комора.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе