УЈП го следи случајот со текстилната фабрика „Баргала“, контролата е при крај

„Будно го следиме случајот за текстилната фабрика „Баргала“. Нашата контрола таму е при крај и ќе имаме голем наод. Можам да кажам дека е многу лоша состојбата од даночното и сметководственото работење и дека се утврдени голем број на неправилности од енормни размери, што се несвојствени за добро работење на кој било даночен обврзник“, порача денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

Таа прецизира дека постојано добивале информации од страна на здруженијата кои се борат за заштита на работничките права и од вработените во „Баргала“ дека се прават одредени злоупотреби и најави дека и понатаму ќе постапуваат и тоа не само со даночна контрола, туку ќе ги известат и сите други надлежни институции.

– Не само што утврдивме контрола по основ на персонален данок на доход и за неисплатените плати, туку направивме и контроли и по основ на данокот на добивка и данокот на додадена вредност. Бидејќи сме при крај на контролата ќе доставиме и решенија кај даночниот обврзник, рече Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција по повод „Две години МојДДВ со граѓаните”.

Таа посочи дека слични контроли ќе се прават и за сите други текстилни фабрики и во делот на кожарската и кондиторската индустрија, зашто, како што рече, гледаме дека секојдневно има отпуштање од работа, а при тоа покрај Државниот инспекторат за труд кој треба да постапи како надлежен орган од инспекциски аспект, постапуваме и ние.

– Заедно со Државниот инспекторат за труд во неколку наврати спроведовме координирани контроли особено кај текстилните фабрики. При тоа наместо регуларни контроли за искористеноста на финансиската помош спроведовме контрола  со која се вративме од три до пет години назад по сите основи на даноци. Скоро секаде во текстилните фабрики имаме утврдено низа неправилности во работењето, прецизира Лукаревска. 

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Македонија

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Read more

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Read more

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Read more
 

Вести

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе

Почина скопски таксист: Возејќи патник на Словенечка доживеал срцев удар

Читај повеќе

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Читај повеќе

Враќање во иднината: 40 средношколци од различни градови викендов ќе работат на креативно изразување на ставовите преку видеа, графити, музика и облека

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Читај повеќе