Украина „по брза постапка“ може да стане ЕУ членка пред Македонија и БиХ

Европската комисија предложи кандидатски статус на Украина за членство во Европската Унија, изјави денеска претседателката на телото, Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека тоа значи посветеност на Украина на серија реформи.

„Украина јасно ја покажа својата аспирација да стане членка и решеност да ги прифати европските вредности и стандарди“, изјави Фон дер Лајен за новинарите во Брисел. 

„Имаме само една јасна порака, а тоа е - да. Украина заслужува европска перспектива, да, Украина треба да биде добредојдена како земја кандидат. Ова е под услов работата да е добро завршена, но сепак треба да продолжи да работи. целиот процес се заснова на заслуги“, а напредокот целосно ќе зависи од Украина. Значи, Украина е таа што има сè во свои раце", рече Урсула фон дер Лајен.

Оваа вест доаѓа еден ден откако шефовите на големите европски земји ја посетија Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги вчера го посетија Киев и таму одржаа важна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Препораката на Европската комисија Украина да стане кандидат за Европската унија треба да ја разгледаат 27-те земји-членки на самитот следната недела во Брисел. Сите членки на ЕУ мора да се договорат за пристапувањето на секоја нова земја, како и за темпото на преговори и условите под кои таа ќе се приклучи на Унијата. Фон дер Лајен рече дека одлуката е донесена под услов Украина да спроведе низа реформи.

Милановиќ: Не се противам на Украина, но...

Доколку Украина стане кандидат за ЕУ, хрватската влада мора категорично да услови и Босна и Херцеговина да стане кандидат истиот ден, изјави во Охрид хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

„Ако Украина може да добие кандидатски статус во состојбата во која е сега и од која сакам да излезе што е можно поскоро, цела по можност, тогаш нултата точка на хрватската надворешна политика, националната политика, безбедносната политика треба да биде и Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус“, рече Милановиќ.

Хрватскиот претседател нагласува дека не се противи на кандидатскиот статус на Украина.

„Но, БиХ е во подобра состојба во однос на безбедноста и секоја друга смисла освен Украина, и нема причина, ниту економска, ниту безбедносна, ниту човечка, БиХ да не го добие тој статус доколку Украина го добие“, рече тој.

„Очекувам дека владата и нејзините претставници, кога станува збор за доделување кандидатски статус на Украина, категорично условуваат да го добие и БиХ“, рече тој.

„Украина е кандидат? Во ред. Но, БиХ да е кандидат истиот ден“, нагласи тој.

Милановиќ учествува на Преспанскиот форум во Охрид, а денеска се сретна со македонскиот колега Стево Пендаровски. Македонија долго време има кандидатски статус, но почетокот на преговорите е блокиран од Бугарија. Милановиќ се противи на блокадата и во неколку наврати јавно ѝ замеруваше на официјална Софија.

„Кандидатскиот статус е надеж. Македонија предолго живее со таа надеж. Ме чуди што не ја изгубија и постои опасност луѓето да се оттргнат од неа, да сфатат дека ги влечат за нос“, рече тој.

„Останува на Бугарите да видат каде води ова и овие преговори да се придвижат“, рече тој.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе