Украина прв пат слави Божик на 25 декември
Украина традиционално го користеше јулијанскиот календар, кој го користи и Русија, каде Божик се паѓа на 7 јануари. Поради руската инвазија, Украина одлучи дополнително да се дистанцира од Москва и, како што вели, „да го напушти руското наследство“.
Претседателот Володимир Зеленскиј претходно рече дека земјата во иднина ќе го слави Божик на 25 декември според западниот, грегоријански календар што го користи во секојдневниот живот.
„Украинскиот народ долго време беше подложен на руската идеологија во речиси сите животни сегменти, па Божик се славеше според јулијанскиот календар, на 7 јануари“, се вели во образложението на текстот што беше изгласан кон средината на јули.
Во својата божикна порака објавена во неделата вечерта, Зеленски рече дека сите Украинци сега се заедно.
„Сите заедно го славиме Божик. На ист датум, како едно големо семејство, како еден народ, како една обединета земја“, рече тој.