Унгарец по грешка добил плата од 92.000 евра наместо 92.000 форинти, не сакал да ги врати

Макфакс
/ 03.08.2023 / 16:23

На човек од округот Шомоги, Унгарија, требало да му бидат исплатени 92.549 унгарски форинти пропорционално, но неговиот работодавец по грешка му испратил 92.549 евра на неговата банкарска сметка.

Меѓутоа, привремениот среќник што работел за компанија во Капошвар одбил да ја врати сумата, па Обвинителството поднело кривична пријава против него, пренесоа локални медиуми.

Човекот кому му го укинале работното место пред истекот на пробниот период, на компанијата ѝ дал сметка во австриска банка за исплата на преостанатата плата.

Компанијата на таа сметка префрлила 92.549 евра наместо 92.549 форинти (околу 238 евра). Набргу потоа компанијата ја открила грешката и побарала од човекот да го врати вишокот.

Тој одбил да го стори тоа оправдувајќи се на разни начини. Меѓу другото, тој им кажал дека нема пристап до сметката во австриската банка. Истовремено, од банкомат во градот Капошвар во Југозападна Унгарија подигнал околу 15.000 евра.

Бидејќи поранешниот вработен упорно одбивал да ѝ го врати вишокот на компанијата, Обвинителството во Капошвар поднело кривична пријава за злоупотреба на средства.

Австриските власти успеале да ѝ вратат поголем дел од парите на оштетената компанија. Обвинителството во Капошвар бара да се изрече глоба и да ѝ се надомести преостанатата штета на компанијата.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе