Уште еден руски олигарх пронајден мртов

Б.С.Б.
/ 10.05.2022 / 12:15

Рускиот олигарх Александар Суботин викендов почина под мистериозни околности, а според пишувањето на руските медиуми, пронајден е мртов во куќа на шамани.

Суботин е поранешен извршен директор на руската нафтена компанија Лукоил и е еден под низата руски олигарси кои починаа под сомнителни околности по руската инвазија на Украина.

Според извор на руската агенција ТАСС, милијардерот отишол во куќа на шамани во состојба на тешка интоксикација, откако пиел и се дрогирал еден ден претходно. Неговото тело било откриено во подрумска просторија која наводно се користела за „јамајкански вуду ритуали“, објавија руските медиуми.

Локалните медиуми пишуваат дека Суботин отишол кај шаманите во потрага по лек за мамурлак, во кој наводно имало отров од крастава жаба.

Следното утро, тој бил пронајден мртов од шаманите Магуа Флорес (вистинско име Алексеј Пинџурин) и Тина Кордоба (вистинско име Кристина Тејхриб), според локалните извештаи, кои се повикуваат на верзија на настаните што ја фаворизираат руските власти.

Овој пар, наводно, ги лекувал клиентите со повикување духови и жртвување на животни, чии тела потоа ги капеле во крв од петли.

Сепак, за сите овие наводи нема потврда од полицијата, а од понеделникот попладне остануваат непознати другите детали за тоа што ја предизвикало смртта на Суботин. Брачната шаманска двојка им кажала на државните инспектори дека Суботин им е пријател и негирале дека го подложиле на шамански ритуали за пари.

Руските власти покренаа кривична истрага за смртта на Суботин, пренесе ТАСС. Инспекторите исто така ќе истражат дали имало дрога во неговата крв кога умрел, пишува Newsweek.

Неговата смрт доаѓа само неколку месеци откако Лукоил повика на брз прекин на војната меѓу Русија и Украина. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе