Уште се бројат гласови: Тим Бајден слави, симпатизерите на Трамп протестираат

МИА/КАЈГАНА
/ 07.11.2020 / 10:21

Скоро три дена по затворањето на гласачките места во САД, сè уште е непознато кој е победник на претседателските избори, иако демократскиот кандидат Џо Бајден е поблизу до влегувањето во Белата куќа, отколку што актуелниот претседател Доналд Трамп има шанси да остане, јавуваат американските медиуми.

Гласовите сè уште се пребројуваат во пет сојузни држави – Пенсилванија (20 електорски гласови), Џорџија (16), Невада (6), Аризона (11) и Северна Каролина (15). Бајден води во секоја од нив, освен во Северна Каролина, каде Трамп е во предност.

Според податоците што ги објави CNN, врз основа на 96 проценти од пребројаните гласови, Бајден го презеде водството во Пенсилванија и сега има 49,5 проценти, додека Трамп има 49,3.

Судијата на Врховниот суд на САД Самјуел Алто, пак, им нареди на изборните комисии во Пенсилванија да ги одвојат гласовите што пристигнале по пошта. Алто привремено го одобри барањето на Републиканската партија во кое се бара судска наредба до сите 67 изборни комисии во Пенсилванија да ги освојат гласачките ливчиња за претседателските избори пристигнати по пошта по изборниот ден, 3 ноември.

URL

Во најголемата американска сојузна држава Пенсилванија се зголемува предноста на Бајден, каде од околу 96 проценти од преброените гласови, демократскиот кандидат има околу 28.800 гласови повеќе од Трамп или 0,5 проценти.

Кога станува збор за Џорџија, врз основа на 99 проценти од пребројаните гласови, двајцата кандидати имаат по 49,4 проценти од гласовите.

Во Џорџија од 99 преброени гласови, Бајден има речиси 4.400 гласови повеќе од Трамп. Демократскиот кандидат постепено ја зголемува предноста и во Невада, каде има над 22.600 гласови, или 1,8 проценти повеќе од Трамп.

Американскиот претседател има предност во Аризона од околу 29.900 гласа, но треба да се пребројат уште 173.000 гласачки ливчиња.

Трамп исто така води со повеќе од 75.000 гласа или 1,6 проценти во Северна Каролина, каде се изброени 98 гласачки ливчиња.

Останува малку време за да пристигнат гласовите од армијата.

Во однос на Невада, врз основа на 92 проценти од гласовите, Бајден е во предност со 49,7 проценти од гласовите, додека Трамп има 48,1.

Единствено во Северна Каролина, врз основа на преброени 95 проценти од гласовите, Трамп е во предност со 50 проценти од гласовите, додека Бајден има 48,6 проценти од гласовите.

URL
Аризона: Пребројувањето на гласовите ќе продолжи и викендов

Резултатите објавени од CNN во Аризона, засновани на 94 проценти од пребројаните гласови, покажуваат дека Бајден има поддршка од 49,9 проценти од гласачите, а Трамп од 48,6 проценти.

Пребројувањето на гласовите во Аризона ќе продолжи и за време на викендот, а остануваат да се пребројат над 250.000 гласачки ливчиња, јави CNN.

Државната секретарка на Аризона, Кејти Хобс проценува дека остануваат уште меѓу 250.000 и 270.000 необработени гласачки ливчиња.

Таа рече дека 137.000 од овие гласачки ливчиња се наоѓаат во најголемиот округ во државата, округот Марикопа, но дека по објавувањето на новите резултати ноќеска, тој број ќе падне под 100.000.

URL
Приврзаниците на Бајден слават, на Трамп протестираат

Приврзаниците на демократскиот кандидат Џо Бајден, кој е во водство, започнаа да слават на улиците во Филаделфија, додека приврзаниците на Доналд Трамп продолжуваат да протестираат, јавија американските медиуми.

Околу 200 приврзаници на републиканскиот претседател Доналд Трамп се собраа пред избирачките места во Феникс и Детроит, каде сè уште се бројат гласовите. Тие изразија сомневање во точноста на изборните резултати.

Во Филаделфија, пак, граѓаните излегоа на улиците по веста дека демократскиот кандидат Џо Бајден води во Пенсилванија.

Во Детроит демонстрантите пред Центарот за пребројување извикуваа: „Престанете да крадете“. Некои носеа транспаренти на кои пишуваше: „Ајде повторно да ги направиме изборите фер“ и „Го сакаме Трамп“.

Полицијата ги огради улиците што водат кон центарот. Иако протестите не се ниту насилни ниту масовни, локалните власти се загрижени за обвинувањата.

И во Атланта се собраа стотина приврзаници на Трамп пред местото каде се бројат гласовите.

Remote video URL
Трамп: Бајден нема право да тврди дека победил на изборите

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп порача дека демократскиот кандидат Џо Бајден нема право да тврди дека победил на изборите.

„Џо Бајден не треба да тврди дека има право на функцијата претседател. И јас би можел да го тврдам тоа. Правните постапки штотуку почнуваат”, напиша Трамп на Твитер, додека се приближува крајот на пребројувањето на гласовите на американските избори.

Трамп прогласи победа ноќта на изборите, но во меѓувреме, гласовите во полза на неговиот демократски противник почнаа да се зголемуваат во некои од клучните држави, вклучувајќи ги и оние во кои Трамп беше во водство.

Трамп и Републиканците најавија правна постапка во државите каде Бајден го смени резултатот за да ги оспори начините на пребројување на гласовите пред судот, особено оние кои пристигнаа преку пошта по денот на изборите.

Скоро три дена по затворањето на гласачките места во САД, сè уште е непознато кој е победник на претседателските избори, иако демократскиот кандидат Џо Бајден е поблизу до влегувањето во Белата куќа.

CNN наведува дека вкупно на ниво на САД, Бајден има 253 електорски гласови, а Трамп 213. The Guardian, пак, соопштува за 264 наспроти 214 гласови од Изборниот колеџ, за Бајден, односно Трамп. Еден од двајцата кандидати треба да освои најмалку 270 електорски гласови.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе