Ужас и страв: Снимки од пожарот во Лондон

Најмалку 12 луѓе загинаа, а 74 се примени во болница со повреди по пожарот што избувна завчеравечер во Grenfell Tower во Лондон. Медиумите и граѓани објавија снимки од инцидентот на кои е фатен ужасот што се одвиваше со часови.

Повеќе од 200 пожарникари со натчовечки напори се бореа со огнената стихија и храбро влегуваа во зградата и покрај пламените јазици и усвитените делови што паѓаа на сите страни.

На една од снимките се слушаат врисоци на жена која моли да ѝ ги спасат децата, а друго си го фрли бебето од 10. кат за да го спаси. Станарите и пожарникарите успеаја да го фатат во кебе. Меѓу загинатите има и дете кое зафатено од пламенот паднало преку прозорец.

„Имаше многу луѓе на терасите и на прозорците. Деца врискаа, тие звуци ќе ги памтам до крајот на животот. Еден човек направи импровизиран падобран и скокна. За среќа помина само со повреди“, вели Самира Ламрани, станарка во зградата.

Очевидци кажуваа дека луѓе скокале и ги фрлале децата за да се спасат. Некои се здобиле со повреди. Оние кои успеаја да побегнат на време од огнената стихија кажуваат како ги слушале молбените крици на соседите заглавени во пожарот. Сѐ било како во хорор филм.

Пожарот целосно ја уништи зградата. Медиумите објавија дека станарите претходно биле рпедупредени дека немаат соодветен противпожарен систем. Зградата е изградена во 1974 година и тогаш имало други правила за противпожарна безбедност. Главниот проблем бил што има само едни внатрешни скалила, а надворешни за во случај на пожар нема.

Експертите велат дека причината зошто пожарот се раширил толку брзо е лошо изработената и неквалитетна фасада на зградата што била дополнително ставена за „разубавување“ на старата зграда во редот на нови, модерни згради.

Во зградата живеат 125 семејства кои во пожарот изгубија сѐ.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе