Ван Дајк, Меси и Роналдо во борба и за „Златната топка“ на ФИФА

Тројцата финалисти за играч на сезоната кај УЕФА повторно ќе се борат, овој пат за признанието на ФИФА за најдобар на светот.

Вирхил ван Дајк ги засени двајцата великани во изборот на УЕФА освојувајќи ја наградата за најдобар играч за изминатата 2018/19 сезона. Холандскиот дефанзивец беше еден од предводниците на Ливерпул во походот кон шестата титула во Лигата на шампиони. Потоа со „црвените“ го освои и Суперкупот на УЕФА.

Како капитен на репрезентацијата на Холандија Ван Дајк стигна до финалето од воведната сезона во Лигата на нации каде „лалињата“ сепак беа поразени од домаќинот Португалија предводена од уште еден конкурент на ФИФА, Кристијано Роналдо.

Ван Дајк не е обичен дефанзивец. Има брзина, добра техника и чувство за гол, па неретко знае и да ја затресе противничката мрежа. При прекините секогаш е во противничкиот казнен простот, освен кога самиот не изведува слободен удар.

Не се може без Кристијано Роналдо. Просто, тој секоја сезона го дава максимумот, па така беше и сега. Откако минатото лето дојде во Јуве постигна 29 голови на 45 натпревари, значително помалку отколку во Реал, но причината не е пад во форма на Португалецот туку фактот што Серија А е потешка за постигнување голови од Примера поради дефанзивната ориентираност на повеќето тимови. Роналдо не успеа да ја освои Лигата на шампиони, но стана шампион на Италија и тоа убедливо, а беше прогласен и за најдобар играч на „чизмата“.

Со репрезентацијата на Португалија се закити со вториот трофеј откако ја освои Лигата на нации со минимални 1:0 победувајќи ја Холандија на Ван Дајк во финалето во Порто.

Каде што е Роналдо, таму е и Лионел Меси, еден без друг - едноставно не оди. Шампион на Шпанија со Барселона, најдобар стрелец во Примера со 36 голови и најдобар играч за изминатата сезона на Пиринејскиот полуостров.

Она што му недостасува на Меси е репрезентативен успех. Аргентина и овој пат не успеа на Копа Америка, стигна до полуфиналето каде загуби од Бразил, а Меси на целиот турнир постигна само еден гол. И повторно кавги и плачки, сега Меси удри по судиите дека го фаворизирале домаќинот, па заработи и казна од КОНМЕБОЛ.

Кога сѐ ќе се собере, Вирхил ван Дајк би требало да ги обедини наградите на УЕФА и ФИФА. Ако Холанѓанецот беше најдобар во Европа во истата конкуренција, тогаш едноставно нема причини зошто некој друг сега би бил пред него.

Но, гласањето за најдобрите на ФИФА е малку поразлично. Право на глас имаат капитените, селекторите и еден медиум од сите 211 членки на ФИФА, а тоа често знаело да направи да не победи оној кој навистина заслужува.

Најдобриот ќе биде прогласен на церемонија во театарот La Scala во Милано на 23 септември.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе