Вчера 632 новозаразени со коронавирус, активни над 9000 случаи

Нови 632 случаи на COVID-19 од направени 6531 тест се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа. Оздравени се 248, а починати 11 лица, од кои седум во изминатото деноноќие, најмладиот на 40 години, и дополнително четири лица, со датум на смрт од 20 декември до 5 јануари.

Од новодијагностицираните, во Скопје се 470, Охрид – 35, Прилеп – 25, Кавадарци и Штип по 17, Струмица – 14, Велес – 10, Гевгелија – девет, Кичево има пет нови случаи, Неготино – четири, Куманово – три, Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци по два и по еден нов случај е регистриран во Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица – по две од Скопје (68г и 76г)  и Битола (40г и 75г) и по едно починато лице од Прилеп (67г), Охрид (72г) и Крушево (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe и 248 оздравени пациенти. Во Скопје – 142, Битола – 22, Кавадарци – 13, Охрид – 10, Прилеп – седум, Куманово – шест, Штип, Струмица, Велес и Гевгелија имаат по пет оздравени, Валандово, Ресен и Македонски Брод по четири, Тетово, Богданци и Берово по тројца, Дојран – двајца и по еден оздравен во Кичево, Неготино, Струга, Кочани и Делчево.

Во светот надмина 300 милиони вкупниот број регистрирани КОВИД-случаи. Тоа се должи на новите рекорди на инфицирани во десетици земји во текот на минатата недела поради брзото ширење на сојот омикрон. Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрирале својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 нации во Европа и седум во Африка.

Омикрон предизвика голем скок на инфекции и приеми во болница. Бројот на КОВИД-пациенти во Велика Британија се искачи на 18.454 во четвртокот, двојно повеќе во однос на две недели претходно. Поради зголемувањето на отсуствата на вработени во британските болници, армијата веќе му помага на медицинскиот персонал.

И во регионот се преземаат нови мерки за справување со КОВИД-кризата поради брзото ширење на позаразниот сој на коронавирусот.

Од три региони во северниот дел на Грција в среда ќе почне мобилизација на приватни лекари, кои еден месец ќе помагаат во државните болници во борбата со пандемијата.

Грчките болници се соочуваат со сериозни проблеми и недостиг на персонал со оглед на тоа што околу 2500 здравствени работници се во карантин поради зараза со COVID-19. Во карантин во Грција се и околу 2000 полицајци.

Средношколците во Војводина, пак, од утре, кога треба да го почнат второто полугодие, ќе ја следат наставата на далечина поради зголемениот број новозарзени со омикрон.

Во Италија вчера стапи во сила задолжителна вакцинација против коронавирус за Италијанците над 50-годишна возраст.

Оние кои до крајот на месецов не се вакцинирале, примиле втора доза или бустер доза, од 1 февруари ќе бидат казнети со 100 евра. Мерката ќе биде во сила до 15 јуни и ќе важи за сите жители на возраст над 50 години, вклучително и за странски државјани.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе