Вештак за „Ласкарци“: На три автобуси на Дурмо турс имало поставено уреди за манипулација на брзина

Скопје, 28 ноември 2019 (МИА) – Во Кривичниот суд во Скопје на денешното рочиште за случајот „Ласкарци“ вештото лице Јосиф Ќосев потврди дека во автобусот на Дурмо турс, со кој на 13 февруари се случи трагичната несреќа во која загинаа 16 лица, имало поставено уред за манипулирање на брзината.

Обвинителството побарало од Дурмо турс на Ќосев за вештачењето да му бидат дадени тахографите од уште два автобуси, кои сообраќале на линијата Скопје – Гостивар и тој на нив исто така пронашол траги од уреди за манипулација на брзина.

Ќосев појасни дека со уредите брзината била регистрирана за околу 15 проценти помала од реалната. Имено, уредите за манипулација, по несреќата, биле извадени од другите два автобуси.

На тахографот за време на несреќата била забележана брзина од околу 85 километри на час, што значи, како што појасни вештакот, дека возилото се движело со околу 100 километри на час.

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа обвинети се шест лица. Сопственикот на Дурмо турс, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе