Весна Дамчевска ја промовира монографијата за Универзална сала „Скопскиот симбол на хуманоста“

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 27.02.2024 / 14:24

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала - Скопје, а објавена е со поддршка на Град Скопје.

Книгата „Скопскиот симбол на хуманоста“ на новинарката и авторка Весна Дамчевска излегува по повод 60 години од зачетокот на благородната идеја да се изгради сала или културен простор што ќе има универзално значење и функција, наменет за организирање разни манифестации, културно-уметнички и помали спортски настани.

Промоцијата на книгата која е издание на ЈУ Универзална сала - Скопје, а објавена е со поддршка на Град Скопје, е закажана за 6 март (среда) во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Универзалната сала е замислена како мултифункционален простор што ќе служи како културен центар за скопјани. Проектот брзо го привлекува меѓународното внимание, па земјите од сите страни на светот ја нудат својата поддршка за да ја оживеат оваа амбициозна визија. Но низ годините салата станува многу повеќе од објект, таа станува олицетворение на солидарноста на Скопје, стоејќи како светилник на надеж, потсетувајќи ги луѓето дека не се сами во соочувањето со предизвиците. Салата станува домаќин на историски настани, поттикнувајќи го чувството на заедништво и единствена цел, се вели во најавата за промоцијата.

„Многубројните архивски материјали, расфрлани по депоа, и сеќавањата на скопјани, кои остануваат само како усна традиција, со издавањето на оваа книга се материјализираат во трајно сведоштво за овој објект и институција од особено значење за културниот идентитет на градот. Оваа монографија собира на едно место дел од информациите, податоците, архивските материјали, сведоштвата за нејзината историја и културолошко значење, преку текстови, фотографии, интервјуа, одгласи во медиумите...“, вели Дамчевска и додава дека книгата, покрај историјатот на институцијата, ги опфаќа и многубројните настани што традиционално се одржувале во овој простор, вкупно повеќе од 5.000 манифестации, кои ги проследиле над 5.800.000 посетители.

Ова е една од ретките монографии за културното наследство од периодот на солидарноста и единствена за Универзалната сала како еден од објектите што будат носталгични чувства и сентименталност кај скопјани како градски репрезент на постземјотресното наследство на градот.

„Со тоа, ова наследство и богатството од настани што се одржувале тука добиваат физичка форма во облик на книга, која е од особено значење за градот Скопје во областа на културата. Оваа книга ќе остане да ја раскажува историјата на овој објект во срцето на градот, како негов најпрепознатлив симбол и траен сведок на антологиски збиднувања“, вели Дамчевска.

Весна Дамчевска (р. 1977 година, Скопје) е новинарка, уредничка, авторка. Дипломира на Интердисциплинарните студии по новинарство на Прaвниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 2012 година магистрира на тема „Сликата на жената уметник во биографскиот филм“ на Интердисциплинарните културолошки студии на Институтот за македонска литература.

Збирката културолошки ставови и искуства „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“ (2021 г., издавач „Антолог“) е нејзината втора авторска книга, по објавувањето на научната книга „Од собата до Холивуд“ (2013 г., издавач „Зојдер“).

Во фокусот на нејзиниот авторски интерес се процесите во современата култура, продукциските, консумеристичките, естетичките и политичките аспекти на културата, феминизмот и антифеминизмот, естетиката на рецепцијата, манифестациите и калкулациите со поимите на  популарното, убавото/неубавото.

Работела како новинарка во културните редакции на дневните весници „Македонија денес“ и „Време“, и во неделникот „Денес“. Од 2008 година работи во реоформениот прв македонски дневен весник „Нова Македонија“, а од 2010 година до денес ги уредува културната рубрика и Прилогот за култура, творештво и идеи „ЛИК“ во истиот весник.

Објавува културолошки текстови и во стручни списанија и зборници, а уредничка и редакторка e на неколку прозни избори, меѓу кои се: „Бубамара на зрно калинка – 50 години Конкурс за краток расказ“ (Скопје, 2010 г.) и Монографијата за 75-годишнината од весникот „Нова Македонија“ (Скопје, 2014 г.), изданија на „НИК Нова принт“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Култура

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе