Вежба на полкот за специјални операции на Криволак (фото)

Демонстрирање на врвна обученост, и подготвеност да делуваат за многу кратко време во било какви сложени услови се дел од активностите кои припадниците на полкот за специјални операции (пСО) денес ги покажаа на Армискиот полигон Криволак.

Популарните „волци“ и „ренџери“ изведуваа наменски задачи со експлозивни средства за уништување на препреки, реакција на контакт со употреба на боева муниција од оклопен транспортер во движење.

Денешната вежба е дел од редовните плански активности која ги изведува оваа елитна единица на АРМ во теренски услови. Одличната извежбаност единиците за специјална намена ја покажаа на дело и на најголемите меѓународни воени вежби кои се реализираа оваа година каква што беше „Анаконда 16“.

Во исто време на АП Криволак и Центарот за обука во Пепелиште под раководство на инструктори од пСО, се одржува селективен курс на новопримените професионални војници кои се кандидати за прием на во оваа елитна единица. Привлечноста на оваа единица која се карактеризира со голема самоиздржливост, секогаш пројавува голем интерес меѓу младата популација.

Селекцијата е со цел да се изврши квалитетен, стручен и правилен избор на кандидати за вршење на должности во специјалните единици на АРМ. Притоа инструкторите вршат постојано следење на особините и карактеристиките на кандидатите како : тимска работа, дисциплина, лојалност, прилагодливост и психичка и физичка издржливост во секакви теренски и временски услови.

По завршувањето на овој напорен курс по справувањето со сите физички и психички препреки само мал број на најупорни, најспособни и најмотивирани кандидати успеваат да ја понесат препознатливата зелена беретка.

Началникот на генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски кој присуствуваше на денешните активности беше информиран од страна на командантот на единицата, полковник Орце Јордев за методите и постапките кои се користат во обучувањето за справување со безбедносни предизвици во најсложени ситуации. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе