Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски објави дека е позитивен на COVID-19.
-Поради лесни симптоми направив COVID-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите.Чувајте се. Вирусот наоѓа начини, но заедно ќе го победиме, напиша Николовски на Facebook.