Вилијам и Кејт ги забавуваа децата на медицинските лица
Принцот Вилијам заедно со сопругата Кејт Мидлтон преку видео врска ги забавуваа децата на медицинските лица додека тие се на работа.
Додека децата беа на училиште, добија повик за видео разговор со Принцот и Војвотката од Кембриџ кои едноставно сакаа да им се заблагодарат бидејќи нивните родите се во првите борбени редови, а на тој начин и овие дечиња се погодени, често по цели денови се без некој од родителите.