Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Покрај тоа што е едно од најзначајните археолошки откритија на 20 век, гробницата на Тутанкамон се покажа и како инспирација за безброј митови, филмови и псевдоархеолошки теории.

Поточно, таканареченото „фараоново проклетство“ стана глобално признат феномен кога лорд Карнарвон, кој спонзорираше експедиција за пронаоѓање на кралот Тут, почина само неколку месеци откако влезе во гробницата.

И покрај оваа сомнителна случајност, има малку докази кои сугерираат каква било поврзаност помеѓу откривањето на гробницата на фараонот и прераната смрт на оној кој ја отворил. Водачот на експедицијата Хауард Картер, на пример, живеел уште 17 години откако го однел Момчето Крал од неговото вечно почивалиште.

Што се однесува до Карнарвон, тој беше на работ на смртта многу години пред неговата евентуална смрт, страдајќи од повеќекратни инфекции на белите дробови откако беше тешко повреден во сообраќајна несреќа во 1903 година, па на крајот подлегнал на труење на крвта од инфекција која ја пренесувале комарци во мај 1923 година.

Сепак, Карнарвон можеби го донел проклетството врз себе преку неговите деловни зделки. Со цел да ја финансира познатата експедиција, тој ги продал ексклузивните права на сите информации за гробницата на лондонски Times, со што на весникот практично му дал монопол на сите факти поврзани со Тутанкамон и неговото откритие.

Додека целиот свет беше заробен од приказната што се појави во Times, другите медиуми очајнички сакаа да добијат нешто да објават и прибегнаа кон измислување. По смртта на Карнарвон, новинарите ширум светот се оддадоа на секакви шпекулативни приказни за тоа како дошло до неговата смрт.

Според Дејвид Силверман, куратор на светски познатата изложба на Тутанкамон во музејот Пен, во 1987 година напишал дека многу новинари во тоа време намерно погрешно ги протолкувале натписите пронајдени на гробницата за да имплицираат проклетство. Еден весник, на пример, тврди дека пасусот гласел: „Ќе ги убијам сите оние што ќе го преминат овој праг во светите области на кралот кој живее вечно“, иако всушност таква порака не беше пронајдена.

Друг „искасапил“ дел од египетската Книга на мртвите што била врежана на гробот, погрешно преведувајќи ја како: „Оние кои ќе влезат во овој свет гроб наскоро ќе ги посетат крилјата на смртта“.

Сепак, иако не постои проклетство кое може да се најде никаде во близина на телото на кралот Тут, такви претскажувања понекогаш биле испишувани на други древни египетски гробници. Еден познат пример предупредува дека „оние кои ќе ја уништат оваа гробница ќе умрат од болест што ниту еден лекар не може да ја дијагностицира“, иако не е јасно на чиј гроб е испишана оваа закана.

Меѓутоа, генерално, клетвите биле врежани само во гробниците на приватни лица, бидејќи египетското кралско семејство веќе било заштитено со низа магии познати како Текстови на пирамидите и затоа немало потреба од дополнителна одбрана во форма на проколнувања.

А сепак, и покрај целосниот недостаток на вистински фараонски клетви, преревносните набљудувачи одново и одново бараа причини да веруваат дека вознемирувањето на древниот крал може да има смртоносни последици. Еден труд, објавен во списание што еден филозоф на науката го опиша како „обид за институционализирање на псевдонауката“, дури сугерира дека Египќаните закопувале нуклеарен отпад во „сводовите“ под некои гробници, што доведува до фатални здравствени компликации меѓу археолозите.

Настрана смешните шпекулации, некои легитимни студии открија дека древните гробници може да содржат потенцијално штетни габи, мувла или други микроби кои би можеле да ги загрозат истражувачите кои ги вдишувале. Сепак, засега нема индикации дека некој египтолог некогаш бил погоден од таков патоген, што е уште еден клинец во ковчегот на фараонската клетва, пишува IFLScience.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе