Владата го прогласи Зврлевски неспособен за функцијата

Владата на вчерашната петта седница донесе повеќе важни одлуки и направи неколку кадровски смени.

„Нов директор на Бирото за јавна безбедност е Лазе Велковски. Од оваа позиција е разрешен досегашниот директор Митко Чавков. Нов директор на Управа за безбедност и контраразузнавање е Горан Николовски. Од директорската позиција е разрешен Владимир Атанасовски. На владината седница е констатирано дека новоименуваните директори, Велковски и Николовски, се квалитетни експертски решенија со долгогодишно работно искуство во областа, кои не биле и не се членови на политички партии. Изразено е уверување дека Велковски и Николовски успешно ќе одговорат на одговорностите во двата важни органа за безбедноста, што функционираат при МВР, на чии челни позиции се поставени, со оглед дека претстојат сериозни реформи во МВР и во тајните служби, согласно забелешките на Извештајот на експертската група на ЕК, предводена од Рајнхард Прибе. За разрешените директори Чавков и Атанасовски е констатирано дека учествувале во недозволиви и незаконски активности против државата“, соопштија од Владата.

Исто така, Владата му предложила формално на Собранието Марко Зврлевски да биде разрешен од функцијата јавен обвинител поради неговото „ незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата“. Притоа е констатирано дека обвинителот Зврлевски не е способен за извршување на функцијата, не поднесувал барања за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и со тоа го нарушил угледот на функцијата.

 Владата исто така решила да овозможи бесплатна услуга, одмор и рекреација, на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за ова лето. За таа цел, Министерството за труд и социјална политика во рок од пет дена  треба да донесе програма за седумдневен одмор. Наедно, била усвоена и информација за штетите врз земјоделски култури од невремето на 14 јуни во скопскиот, тетовскиот, велешко – светиниколскиот, кумановскиот, штипскиот и гевгелискиот регион. Задолжено е ресорното Министерство за земјоделство да формира комисии коишто по поднесените барања од земјоделците ќе ја утврдат настаната штета. Рокот за поднесување на барањата е од 19 до 30 јуни, а ќе се доставуваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владата донесе одлука за дополнителни квоти за упис на студенти на државните универзитети од припадници на заедниците кои не се мнозинство во Македонија. На крајот, Владата ги разреши членовите на Управниот одбор на шумскиот резерват Јасен, а за нови членови ги именуваше Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани. Нови директори на УЈП и на Агенција за храна и ветеринарство станаа Сања Лукаревска и Зоран Атанасов.

Владата, за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат го именуваше Томе Спировски. Додека од вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на негово барање е разрешен Ванчо Шехтански.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more
 

Вести

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе