Владата го усвои ребалансот на буџетот, повеќе капитални инвестиции и поддршка за стопанството

Зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на поддршката за стопанството се двата клучни сегмента во ребалансот на Буџетот што Владата денеска го усвои на седница.

Приходната страна на ребалансот е подигната за 4,7 проценти во однос на иницијалниот Буџет, односно приходите се проектирани на ниво од 222,6 милијарди денари, што се должи на добрата реализација на приходите од почетокот на годината.

Расходите се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на иницијалниот Буџет.

Капиталните расходи се проектирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари се повисоки во однос на планот за 2021 година. Нивното учество во вкупните расходи на буџетот од иницијално планираните 9,4 проценти, се зголемува на 11,3 проценти што е повисоко ниво од просекот во последните десет години.

Има кратење на расходите кај повеќе буџетски корисници по два основа – по основ на помалку продуктивни трошоци и по основ на проекти кои имаат послаба динамика на реализација. Овие средства ќе бидат насочени кон ставки кои се очекува да дадат поголем процент на реализација и поголема додадена вредност на економијата.

Дефицитот е проектиран на ниво од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП. Тој заедно со отплатите од претходните задолжувања во износ од 43,3 милијарди денари, ќе се финансираат од надворешни и домашни извори.

– Во рамки на отплатите по основ на претходни задолжувања влегуваат еврообврзницата издадена во 2014 година во износ од 500 милиони евра која доспева во јули, државните обврзници во износ од 4,68 милијарди денари и структурните обврзници во износ од 1,44 милијарди денари. Домашното задолжување во износ 23 милијарди денари, ќе се реализира преку државни хартии од вредност со истовремена отплата на државни обврзници во износ од 4,68 милијарди денари, така да нето-задолжувањето ќе изнесува 18,45 милијарди денари кои ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2021 година, како и за делумно финансирање на 2022 година. Задолжувањето во странство се реализира преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции наменети за финансирање на одделни проекти вкучително и заем од ММФ, втората транша од заемот од ЕУ за макро-финансиска поддршка во износ од 80 милиони евра која неодамна ни стана достапна, како и еврообврзницата која веќе ја повлековме, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција.

Според него, ребалансот е соодветен одговор на фискалната политика на тековните случувања и претставува важен чекор на патеката кон стабилизација на економијата.

– Фискалниот стимул за стопанството и граѓаните, мора да продолжи до целосно заздравување и враќање на економијата на патот на економски раст. Во таа насока е и ребалансот на буџетот, истакна Бесими.

Новини во ребалансот се новата потпрограма за зелен развој, нови инструменти како развојна обврзница и зелена обврзница кои ќе бидат наменети исклучиво за инвестиции и зелен развој. Наскоро се очекува да биде презентиран и Планот за финансирање на забрзаниот раст кој се очекува да овозможи нови инвестиции и работни места.

Премиерот Зоран Заев оцени дека ребалансот е поддршка за стабилна и развојна економија и насочен е кон тоа да се катализираат позитивните движења во економијата. Приоритетите ќе бидат насочени кон надминување на последиците од кризата преку зголемување на инвестициите и поддршка на компаниите.

– Ребалансот на Буџетот е во насока на поддршка на развојот и растот на економијата, со фокус на капиталните инвестиции, стимулирање на стопанството, обезбедени се плати, пензии, субвенции за земјоделството, притоа не изостанува и поддршката за ранливите категории граѓани. Станува збор за продуктивен ребаланс кој ги следи економските состојби, со запазена домаќинска грижа за јавните средства и максимална посветеност за справување со пандемијата, рече Заев.

Со преземените мерки, за спречување на последиците од пандемијата, нагласи тој, падот на економската активност беше во голема мерка амортизиран, односно доколку не беа пакетите антикризни мерки падот на БДП ќе изнесуваше околу 8,7 отсто или речиси двојно повеќе од економскиот резултат во 2021.

– Нашата економија е стабилна. По импактот на третиот бран во првото тримесечје со умерен пад од 1,9 проценти, податоците на државната статистика покажуваат позитивни движења во економијата, истакна Заев, додавајќи дека во индустријата во март е прекинат падот на производството од претходните два месеца, а во април растот достигнал 41,6 процент на годишна основа. Во првите четири месеци од годинава расте и искористеноста на производствените капацитети, а забележан е и раст кај трговската размена.

Поволните глобални движења се очекува позитивно да влијаат и врз движењата во домашната економија. За еден процент се очекува зголемување на бројот на вработени, а стапката на невработеност да се намали на 15,8 проценти. Проекцијата за раст останува 4,1 процент.

– Приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија, појасни премиерот.

Прашан дали причина за доцнењето на денешната прес-конференција е несогласувањето на некои од министрите со кратењата на средствата, премиерот Заев рече дека причина била дебатата дали и пазарџите и вршителите на самостојна дејност да бидат ослободени од работа во недела.

– Утврдивме да има рамноправност и кога е некој сам свој газда да може да одлучи сам дали да работи или не во недела и оставивме такво либерално право. Дополнително сите министри дискутираа за позитивните работи кои се вградени во ребалансот, рече Заев.

Министерот за финансии, пак, посочи дека во моментов не се планира зголемување на даноците и додаде дека ребалансот е правен врз основа на актуелниот даночен систем и зголемената наплата на даноците. Тој најави дека еден од првите чекори ќе биде подобрувањето на наплатата по основ на намалување на неформалната економија.

– Веќе тече јавната расправа за реформи во даночниот систем и откако ќе се направат анализите јавно ќе биде соопштено дали ќе има некакви измени. Доколку има такви измени тие ќе бидат соопштени навреме согласно даночниот календар. Сега за сега нема најави за зголемување на даночни стапки во даночниот систем, рече Бесими.

Во договор со министерствата за одбрана и за внатрешни работи, како што потенцира, има намалување на средствата за одбрана во делот на вежбовните активности и мисиите во странство заради ковид кризата, а во МВР има намалувања согласно нивните проекции.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе