Владата ќе бара од Пендаровски нови 30 дена вонредна состојба

На Претседателот на државата ќе му биде доставен извештај со предлог за вонредна состојба, службените патувања на носителите на јавни функции ќе се остваруваат исклучиво со одобрување на Главниот координативен кризен штаб на Владата и само ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со COVID-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја, се дел од заклучоците од денешната 53-та владина седница.

vladarm.jpg

– Владата на Република Северна Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

На оваа седница, Владата го дополнила и усвоила протоколот со препораки и упатства за излез и влез на државната граница на Република Северна Македонија за избрани функционери вработени во Влада на Република Северна Македонија и министерствата, државјани на Република Северна Македонија, со заклучок дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука одобрување треба да даде Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со COVID-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја. 

реклама

Македонија

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе