Владата се пишмани: Полициски за Рамазан Бајрам нема да има

Владата денеска го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за олабавување на рестриктивните мерки.

Иако првично јавноста беше известена дека новиот полициски час ќе важи од 12 мај, за неколку часа информативните постери беа изменети и сега новиот полициски час официјално ќе важи од четврток (13 мај)  - ќе почнува од полноќ и ќе трае до 4 часот наутро.

Исклучок од посебниот режим на движење во вечерните часови ќе има само утре за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Почнувајќи од утре до 18 мај, угостителските објекти ќе работат до 23:30 часот само во отвоените делови на објектите, односно летните тераси. Исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и делот за исхрана во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и другите објекти за сместување за лицата кои се сместени во овие објекти.

Од утре почнуваат да работат и вежбалните, фитнес клубовите, спортските центри и сали за вежбање и игротеките, но во овие објекти е задолжително почитување на протоколите за работа.

Во градинките ќе може да се зголеми бројот на згрижени деца најмногу до 15 во воспитните групи до двегодишна возраст и до 20 деца во воспитните групи од 2 до 6-годишна возраст.

Со одлука на Владата престанува да важи и забраната за користење на годишни одмори и платени и неплатени отсуства за вработените во здравството. Тоа ќе се прави согласно планот на раководителот на установата, без да се наруши нормалното и тековно функционирање на системот на работа во здравствените установи.

Како дел од олабавувањето на рестриктивните мерки е и дозволата да се организираат настани и слични јавни активности согласно протоколите за работа, односно до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти исполнетост на отворен простор.

– Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика, напоменуваат од Владата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе