ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Корупцијата е распространета во секоја пора на општеството. Во Македонија со СДС услугите кои треба да ги пружи државата на граѓанинот станаа мисловна именка. Лотариска среќа е ако може некој да извади пасош и лични документи, пациентите не се сигурни каква терапија добиваат, се заработува бескрупулозно на грбот на најранливите, непотизам насекаде, правда никаде, не само младите туку и сѐ повозрасни размислуваат да ја напуштат земјата не гледајќи веќе ниту систем, ниту ред, СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали, се срамиме од нивните недостоинствени настапи низ светот, иднината и подобриот живот се далечен.

На врвот на листите на корупција, мизерија и немаштија сме. За 7 години колку што се на власт СДС и ДУИ ја презадолжија државата, го урнисаа системот и криминалот го направија столб на своето функционирање.

Ова не е Македонија што народот ја сака и ја заслужува. Овие избори се последна шанса за спас. Шанса во која може да се верува, избор во кој мора сите граѓани да учевствуваат. Македонија е едноставно одземена. Но, промените се можни и се на дофат.

Промените се во твои раце! Македонија повторно ќе биде твоја!“.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе