ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против подостапно високо образование

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ смета дека опозициската СДСМ врши упад во автономијата на Универзитетот со тоа што ја оспорува одлуката на најстариот управувачки орган на УКИМ, Сенатот, при избор на нов ректор.

„СДСМ го прави токму тоа, продолжувајќи со невиденото и срамно однесување откако вчера се обиде и не успеа да го спречи одржувањето на изборот на нов ректор на универзитетот“, велат од партијата.

Потенцираат дека никој и никаде не се противи жестоко на отворање нови универзитети како СДСМ.

„Истата реторика против основање на нов државен универзитет ја имаше и во 2007 година при основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. И тогаш СДСМ паѓаше во транс против отворањето на универзитетот кој денес е втор по квалитет во Република Македонија, исто како што денес не може да прифати, а камо ли да ја поздрави одлуката за основање на нов државен универзитет“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, СДСМ е против подостапно високо образование во Македонија. „За СДСМ образованието е право само на нивните елити и тие имаат единствено право да одлучуваат кој треба, а кој не смее да се школува во Македонија. За СДСМ е лошо кога се реновираат студентски домови и кога се градат нови, лошо е кога се намалува партиципацијата за студирање, лошо е кога се преведуваат стручни книги од најдобрите факултети, лошо е кога им се олеснува животот на студентите со низа други мерки. За СДСМ е лошо кога се апсат корумпирани професори кои директно ги оштетувале студентите барајќи им мито. СДСМ ги бранеше корумпираните професори, без да помисли воопшто на студентите и голготата низ која минувале“.

Обвинуваат дека СДСМ студентите ги користи единствено како топовско месо кога сака на мала врата да протне партиска политика затскриена зад т.н. „граѓански иницијативи“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе