ВМРО-ДПМНЕ води со три проценти предност пред СДСМ

По пребројани 934.075 гласа, на деветтите парламентарни избори во Македонија, бројките со кои располага Државната изборна комисија покажуваат разлика меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ од три отсто.

ВМРО-ДПМНЕ има 362.427 гласа или 38,80 отсто, додека СДСМ има 339.185 гласа односно 36,31 проценти.

По изборни единици, СДСМ се уште има водство во шестата изборна единица, каде има 20.806 гласа или во проценти 16,27, а ВМРО-ДПМНЕ има 20.317 гласа, а во проценти 15,89. ДУИ има 33.662 или 26,32 отсто.

Во првата изборна единица разликата е во полза исто така на СДСМ и тоа за опозициската партија 60.038, наспрема 49.282 гласови за ВМРО-ДПМНЕ или 40,69 отсто наспрема 33,40 отсто.

Во втората изборна единица за ВМРО-ДПМНЕ гласале 63.428, а за СДСМ 58.508 или во проценти 38,06 отсто наспрема 35,11 отсто.

Третата изборна единица покажува најголема разлика во полза на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, каде оваа партија освоила 84.458 гласови или 51,09 отсто, а СДСМ 64.534 гласови, или 39,04 проценти.

Четвртата изборна единица во која се соочија лидерите на двете најголеми партии Никола Груевски и Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ води со 87.722 гласови или 48,12 отсто, а СДСМ со 81.388 гласови или 44,64 отсто.

Петата изборна единица повторно покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ со 57.220 гласа или 39,63 отсто, а СДСМ со 53.911 гласови или 37,33 отсто.

За голем победник од албанскиот блок партии може да се прогласи Беса, која освоила 43.559 гласови или 4,66 отсто од гласовите, наспроти ДУИ со 68,571 глас или 7,34 отсто од гласовите.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Македонија

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе