ВМРО-ДПМНЕ: За Заев платформата е пред државните и националните интереси

Меѓу Тиранската Платформа и државните и национални интереси на својот народ, аболицираниот криминалец Зоран Заев ја одбра платформата, а Тиранската Платформа  значи директно мешање во внатрешните работи на Република Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните веќе одамна се сведоци на расипничката политика на СДСМ и нивната непресушна желба за власт, но овој пат тие се целосно шокирани, бидејќи гледаат дека Зоран Заев е подготвен на се само за да се спаси од кривична одговорност себе си и криминогеното раководство на СДСМ. Овој пат тој ја продава цела Македонија, само и само да ја засити својата патолошка желба за власт без поддршка од народот, велат од партијата.

Зоран Заев играјќи по нотите од Тирана е спремен да направи Влада со Зијадин Села, човекот кој јавно признава дека сака да ја смени македонската химна и македонското знаме и дека не постои македонски идентитет, додаваат од таму.

„Зоран Заев и СДСМ само да се доберат до власт, која изворно не им припаѓа, затоа што не победиле на изборите од 11-ти декември мораат да прават секакви отстапки на штета на унитарноста на Македонија“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и СДСМ се подготвени на целосна двојазичност на државата, двојазични амблеми на војската и полицијата, двојазични банкноти и монети, прогласување за геноцидни народи на: Турците, Србите, Бугарите, Хрватите, Словенците, Црногорците, Германците, Италијанците, како и прогласување за геноциден и својот сопствен  народ“, порачуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ изрази јасна подготвеност да ја спаси државата од провалијата кон која Зоран Заев е подготвен да ја втурне и му понуди целосна поддршка на неговата Влада, ако се откаже од Платформата од Тирана и нејзините катострофални последици врз Македонија и македонскиот народ, велат од партијата.

Крајно време е Зоран Заев да покаже барем малку државност и чувство на припадност кон сопствениот народ да смогне сили и да и каже не на Платформата од Тирана, да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обврзе да не ја реализира Тиранската Платформа, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку пак Зоран Заев до таа мера е импресиониран од Платформата од Тирана нека прифати парламентарни избори заедно со локалните избори во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана, заклучуваат од партијата.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе