Во Белгија 55 судии и обвинители доброволно в затвор за да го искусат животот на осудениците

Вкупно 55 судии и обвинители доброволци вчера се одведени во затвор во Брисел за на два дена да го искусат животот на затворениците, соопшти белгиското Министерство за правда.

Судиите и обвинителите се сместени во новиот затвор Харен, со капацитет од 1.190 затвореници, кој треба да биде отворен на 30 септември. Тие ќе бидат третирани како вистински затвореници.

„Претставниците на правосудните органи многу добро знаат како стојат работите во затворот, но нивното лично искуство им дава единствена можност што може да им помогне во изрекувањето на казната, бидејќи ќе имаат подобро знаење“, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Тие за време на престојот во затворот ќе мора да ги почитуваат наредбите на персоналот. Не можат да користат мобилни телефони, ниту им се дозволени посети.

Исто така ќе јадат затворска храна и извршуваат секојдневни активности на затворениците, како што се работа во кујна или перална, и ќе си легнуваат во 22 часот кога ќе се изгаснат светлата.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе