Во Битола денеска измерени 29 степени Целзиусови

Во Битола денеска беа измерени 29 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според соопштението, во Битола биле измерени 29 степени, 26 во Гевгелија и во Демир Капија, 25 во Струмица, 23 во Виница и во Тополчани, 22 во Штип и во Прилеп, 20 во Претор, Охрид, Берово, 19 во Крива Паланка, 17 во Тетово, 16 во Скопје, 15 во Ѓуриште, 14 во Лазарополе, Пожаране, а 12 во Маврово.

Наврнат воден талог за 9 часа, до 16 часот во Маврово е 40 литри, 34 Лазарополе, 30 Пожаране, 25 Скопје, Тетово, 21 Кр. Паланка, 9 Ѓуриште, 6 Охрид, 3 Виница, Штип, 2 Прилеп, Битола.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од јужен правец, повеќе ќе биде изразен во јужните и западните делови од земјата.

Времето утре ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Минимална температура од 10 до 15 степени Целзиусови, а максимална 11 до 18 степени.

Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со слаб до умерен ветер од јужен правец, со температура од 11 до 16 степени Целзиусови.

В четврток врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на планините ќе поминуваат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.

 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе