Во Британија со недели има висока смртност, а главната причина не е COVID-19

Велика Британија веќе шест недели по ред бележи повисока стапка на смртност од просечната во овој период од годината. Тоа не се должи на коронавирусот, туку на други болести, пишува Daily Telegraph. Експертите велат дека една година поинаква работа во здравството поради пандемијата „пристигна на наплата“.

Во текот на неделата која заврши на 13 август оваа година, во Велс и Англија се регистрирани 10.372 смртни случаи, што е за 14% повеќе од просекот за пет години, наведува Канцеларијата за национална статистика. Иако коронавирусот, исто така. има удел во повеќето смртни случаи, сепак најчеста причина се други болести.

Поради фактот што целиот здравствен систем е речиси две години фокусиран на лекување и грижа за пациентите заболени од коронавирусот, има зголемување на бројот на срцеви заболувања, дијабетес, цироза… Многу операции беа откажани минатата година, пациенти не беа соодветно третирани, па се „пристигна на наплата“, за жал со фатален исход.

Професорот Карл Хенеган, директор на Центарот за медицина базирана на докази при Универзитетот Оксфорд, изјави дека Британците треба да бидат загрижени. Тој, исто така, посочи дека треба да се започне истрага за причините за оваа висока стапка на смртност.

Зголемената стапка на смртност не била толку висока од 19 февруари, кога се регистрирани 2.182 смртни случаи повеќе од просекот, што е дури за 18,8% повеќе. И во овој случај, не се сите смртни случаи поврзани со пандемијата на COVID-19.

Кевин МекКонви, професор по применета статистика на Отворениот универзитет, нагласува дека е невозможно сите смртни случаи да се последица на коронавирусот.

– Не е можно да се каже што всушност ги предизвикува овие прекумерни смртни случаи. Во претходните недели, очевидно е дека постои изразен и брз ефект на многу високи температури кон средината на јули, но времето оттогаш не е особено жешко, рече тој.

Дискутирајќи за бројките на социјалните мрежи, Клер Грифитс, статистичар во ЈЗУ, рече: „Кога циркулира грипот, забележувате зголемена смртност од кардиоваскуларни заболувања, можеби истото се случува и со коронавирусот“.

Здравствените експерти се дополнително вклучени во истражувањето на разновидноста на дополнителни смртни случаи во приватни станови и куќи во Англија и Велс, кои се зголемија од почетокот на пандемијата. Досега, имаше околу 67.000, а од април 2020 година, секоја недела се урива петгодишниот просек (од 2015 до 2019 година).

За време на пандемијата од мај 2020 година до мај 2021 година, луѓето умирале дома од Паркинсонова болест, деменција и Алцхајмерова болест, и тука е забележан пораст од 60%. Стапката на смртност од карцином се зголеми за повеќе од 40%.

реклама

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе