Во инцидентот во Мала Речица убиен член на ДУИ, приведени четири лица

Скопје, 6 април 2018 (МИА) -Во вооружениот инцидент што се случи вчера во тетовското село Мала Речица убиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, а досега се приведени четири лица кои учествувале во престрелката.

Меѓу повредените лица, според очевидци, е и братот на Неип, Сабри Реџепи, кој, наводно, се здобил со лесна повреда на ногата.

Основното јавно обвинителство Тетово синоќа соопшти дека во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени. Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување.

„Во организирана акција на Обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода. Од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово синоќа е извршен увид на самото место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици. Основното јавно обвинителство Тетово продолжува во континуитет се до целосно расветлување на настанот“, се наведува во соопштението на тетовското Основно јавно обвинителство.​

Од СВР Тетово за МИА изјавија дека во текот на ноќта приведени се уште две лица кои се сомничат дека биле дел од групата која учествувала во претстрелката.

Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.

МВР се очекува денеска на прес-конференција да соопшти повеќе детали во врска со инцидентот во Мала Реќица, Тетовско.

Инцидентот, како што јави дописникот на МИА од Тетово, се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица. Престрелката почнала во 18:20 часот кога возило Audi со кумановски таблички му го препречило патот на друго возило при по што две лица од првото возило почнале вербална расправија и дошло до престрелка.

реклама

Хроника

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Read more

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Read more

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Read more
 

Вести

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе