Во Истанбул уапсен осомничениот за атентатот на претседателот на Хаити

На истанбулскиот аеродром во европскиот дел на Турција денеска е уапсен Самир Хандал, осомничен за атентатот на претседателот на Хаити Жовенел Моиз, јави Anadolu Ajansı.

Хандал, за кого Интерпол распиша црвена потерница, патувал од САД во Јордан преку Истанбул, а приведен е на аеродромот во 6:55 часот по локално време.

Според инструкциите од Министерството за правда, осомничениот со налог за привремено апсење во траење од 40 дена е префрлен во Главното обвинителство „Гази Осман-паша“, а потоа е пратен во затвор.

Претседателот Моиз на 7 јули беше убиен во вооружен напад што група непознати напаѓачи го изведе во неговиот дом во Порт-о-Пренс. Потоа привремениот премиер Клод Жозеф прогласи вонредна состојба. Првата дама на Хаити, Мартeн Моиз, беше ранета во нападот и однесена во болница во Мајами, каде што беше на лекување.

Група колумбиски платеници се сметаат за главни осомничени, иако засега никој не е обвинет или осуден во врска со овој атентат.

„Само што разговарав по телефон со турскиот министер, мојот пријател Мевлут Чавушолу, ѝ се заблагодарив на Турција за апсењето на Самир Хандал, еден од групата важни осомничени во истрагата за атентатот на претседателот Моиз“, напиша на Twitter министерот за надворешни работи на Хаити, Клод Џозеф.

Тагови
реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе