Најмалку 68 затвореници беа убиени во конфликт во затвор во Еквадор. Специјалците кои влегле во затворските објекти пронашле оружје и експлозив, стои во извештајот.
Скоро 300 затвореници загинаа годинава низ државите затвори во ова земја, над 100 жртви имаше во септември што е најлош пример на конфликт на банди во внатрешноста на затворите во оваа земја, пренесе BBC.
Во текот на последниот бунт затворениците од едното крило во затворот низ дупка лазеле за да дојдат до другото крило, каде ги нападнале членовите на ривалската банда. Стотина војници и офицери се распоредени за да се преземе контрола над објектот во затвор во градот Гвајакил.
Смртоносната борба во која некои од затворениците се обезглавени, го насочи вниманието на зголеменото влијание на интернационалните банди како што се Синалоа и Халиско од Мексико.
Претседателот на Еквадор, Гилермо Ласо изјави дека на земјата е потреба меѓународна поддршка од соседна Колумбија, како и од САД и ЕУ за засилување на војската и полицијата со надеж дека ќе се спротивстават на зголеменото влијание на криминалните банди.
Во затворите во Еквадор казна служат 9.000 затвореници повеќе отколку што тоа го овозможуваат моменталните затворски капацитети.