Во КОВИД-одделите во Скопје 480 пациенти, 38 се примени во изминатото деноноќие

Во КОВИД-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализрани 38 пациенти поради компликации од коронавирусот и вкупно 480 лица сомнителни и потврдени се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало 22 приема – тројца пациенти биле примени на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во КОВИД-центарот на Клиниката за неврологија, шестмина болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија,  двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, седум во новиот центар на Клиниката за  уво, нос и грло и тројца болни на Клиниката за очни болести.

Во КОВИД-центарот во ГОБ „8 Септември“ во изминатите 24 часа имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника  се примени пет болни во текот на вчерашниот ден.

Министерството за здравство информира и дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов во КОВИД-центарот на Клиниката  за кожни болести се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35, на Институтот за ТБЦ  44 пациенти со симптоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат 26 лица, во КОВИД-центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 14 и во КОВИД- центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 19 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле има 35 пациенти, од кои девет деца и 24 возрасни.

– Вкупно 480 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-ина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека на сите инфективни одделенија има довод на кислород и може да бидат згрижени пациенти на кои им е потребно кислородна поддршка. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе