Вршителот на должност премиер на Шри Ланка, Ранил Викремесинг прогласи вонредна состојба, откако претседателот Готабаја Раџапакса побегна на Малдиви по протестите поради економската криза.
Вонредна состојба е прогласена во цела земја, а во западната провинција воведен е полициски час. Одлуката веднаш стапува на сила.
Викремесинге претходно беше именуван за вршител на должноста претседател на државата. Раџапакса, кој ја напушти земјата го овластил Викремесинге да постапува во негово име.
По неколкунеделните протести кои кулминираа со упадот на демонстранти во неговата резиденција во саботата, Раџапакса изутринава со авион на военото воздухопловство побегна за Малдиви.
Тој најави дека ќе поднесе оставка за да го отвори патот за „мирен трансфер на власта“ по големите протести против него поради најголемата економска криза во Шри Ланка.