Волстрит падна втор ден по ред, расте стравот од инфлација

Берзанските индекси на Волстрит паднаа вчера, втор ден по ред, бидејќи на пазарот владее неизвесност пред извештајот за инфлацијата во САД и почетокот на сезоната на објавување на кварталните деловни резултати.

Dow Jones загуби 192 поени или 0,62 отсто, на 30.981 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,92 отсто, на 3.818 поени, а индексот Nasdaq 0,95 отсто, на 11.264 поени.

Цело време, индексите лебдеа на работ на позитивната и негативната територија, за да се лизнат подлабоко во негативата при крајот на тргувањето.

Инвеститорите се претпазливи и не се ризични пред објавувањето на извештајот за потрошувачките цени во САД, што треба да се објави во среда, што може да има значително влијание врз насоката на пазарот.

Во јуни највисоко ниво во повеќе од 40 години?

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека во јуни инфлацијата дополнително се забрза од 8,6 отсто колку што беше во мај, на 8,8 отсто на годишна основа.

Тоа би било новото највисоко ниво на инфлација во повеќе од 40 години, што во најголем дел е последица на растот на цените на енергијата и нарушувањата во синџирите на снабдување.

Пол Ким, директор на Simplify ETFs, проценува дека инфлацијата во јуни се приближила до нивото од 9 проценти, „и со толку висока инфлација, ФЕД има само една работа на ум“.

Во обид да ја ограничи инфлацијата, американската централна банка ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени во јуни и се очекува тоа да го направи повторно во јули.

Поради ова, растот на економијата забавува, а единственото прашање е дали ФЕД ќе успее „меко“ да ја приземји економијата или ќе ја турне во рецесија.

„Инвеститорите чекаат да видат каква е состојбата со инфлацијата и заработката на компаниите. Пазарот е нестабилен веќе неколку месеци поради стравувањата од инфлација и рецесија. Инвеститорите се многу збунети и не сакаат да преземаат ризици“, вели Брент Шуте, директор во Northwestern Mutual Wealth Management Company.

Внимателни се и инвеститорите бидејќи оваа недела започнува сезоната на објавување на квартални финансиски извештаи на компаниите.

Се чекаат резултатите за вториот квартал

Во четврток и петок резултатите постигнати во вториот квартал ќе ги објават големите американски банки, а претходно неколку компании како PepsiCo и Delta Air Line.

Во истражувањето на Reuters, аналитичарите проценуваат дека компаниите од индексот S&P 500 постигнале зголемување на заработката од 5,7 отсто во споредба со истиот период минатата година, што би било значително помал раст од претходните квартали.

Покрај резултатите, инвеститорите внимателно ќе ги анализираат и пораките на компанијата за понатамошни очекувања, имајќи ги предвид растот на каматните стапки, високата инфлација, забавувањето на економскиот раст и нарушувањата во синџирите на снабдување.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,18 отсто, на 7.209 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,57 отсто, на 12.905 поени, а париски CAC 0,80 отсто, на 6.044 поени.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе