Volvo: Целосно автономни автомобили до 2021 година

Volvo планира во следните пет години да произведе автомобил кој ќе може автономно да вози по автопат без помош од возачот. Во раната фаза на проектот, шведската компанија уште следната година, на патиштата во околината на Гетеборг, Лондон, но и во Кина, ќе почне со тестирање со по 100 автомобили со автопилот.

За разлика од другите компании кои развиваат слични системи, автомобилите нема да ги возат инженери или вработени во Volvo, туку обични луѓе, сопственици на автомобили од овој бренд.

Според пишувањето на Autonews, Volvo се уште е во потрага по партнер кој ќе му помогне да ја достигне зацртаната цел за пет години.

„Нашата амбиција е до 2021 година да имаме возило кое целосно автоматски ќе може да вози по автопатиштата“ - изјави првиот човек на Volvo, Хокан Самуелсон и објасни дека за такво нешто им е потребен партнер, бидејќи автомобилската компанија не може самостојно да ја развие технологијата за авто-пилотот.

Со оглед на тоа дека Volvo има репутација на производство на исклучително безбедни автомобили, очекувањата се дека компанијата при имплементацијата на оваа технологија ќе ги избегне потенцијалните ризици и нема да остави ништо на случајностите.

реклама

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе