Вооружени цивили убија терорист кој уби четири лица во Израел

Четири лица загинаа, а неколку се повредени во терористички напад со нож што се случи во израелскиот град Бершеба.

Според медиумите во Израел, нападот се случил вчера пред трговски центар во овој град, а напаѓачот е идентификуван како Мухамед Алаб Ахмед абу Алкијан, кој по потекло е од бедуинскиот град Хура.

„Уби три жени и еден маж пред да биде убиен од вооружени цивили“, пишува The Times of Israel.

Според полицијата, терористот прво со автомобил прегазил маж кој возел велосипед, по што се упатил до бензинската пумпа каде убил жена.

Потоа се вратил во автомобилот, се упатил до блискиот трговски центар каде што убил уште две лица по што бил убиен од вооружени цивили кои биле во близина.

*Внимание! Содржината на видеото може да ве вознемири!

URL

Како што се наведува, Алкијан ѝ бил познат на полицијата од порано, а во 2015 година бил уапсен заедно со голем број осомничени за кои се вели дека ја поддржувале и промовирале идеологијата на т.н. Исламски држави во училиштето каде што работеле.

„Алкијан беше осуден за тероризам и отслужуваше четиригодишна затворска казна во градот Хура. Тој беше ослободен во 2019 година. Во притвор, тој призна дека основал тајна група која одржувала врски со ИСИЛ“, објавија израелските медиуми.

Сочувство до семејствата на жртвите изрази и премиерот на Израел, Нафтали Бенет.

„Цивилите кои пукаа во терористот покажаа снаодливост и храброст и со тоа спречија нови жртви. Безбедносните сили се во состојба на висока готовност и државата ќе дејствува против терористите и сите оние кои им помагаат“, рече премиерот.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе