Возбудата околу вештачката интелигенција го крена Волстрит

Технолошкиот Nasdaq индекс порасна вчера, водејќи ги нагоре и другите акции на Волстрит, благодарение на возбудата на инвеститорите поради вештачката интелигенција (ВИ) пред објавувањето на извештаите за заработката на технолошките гиганти Alphabet и Microsoft.

Индексот Nasdaq вчера порасна за 0,63 отсто, на 14.145 поени, њујоршкиот Dow Jones за 33,87 поени или 0,09 отсто, на 35.442 поени, а индексот S&P 500 за 0,29 отсто, на 4.568 поени.

И Microsoft и Alphabet лансираа серија производи со вештачка интелигенција по лансирањето на ChatGPT на Open AI на Microsoft кон крајот на 2022 година. Инвеститорите очекуваат овие нови производи да им помогнат на технолошките гиганти да ги заменат приходите од забавувањето на растот на Cloud бизнисот.

„Кога има толку многу ентузијазам за одредена инвестициска тема, не ви требаат многу причини за да го придвижите пазарот. Тоа е инерција“, објаснува Стив Сосник, стратег во Interactive Brokers.

Дали ФЕД наскоро ќе престане да ги зголемува каматните стапки?

И додека треската на вештачката интелигенција го тресе пазарот, инвеститорите нестрпливо го очекуваат состанокот на ФЕД во среда, кој според нив би можел да ги зголеми каматните стапки за уште една четвртина од процентниот поен.

„Состанокот на ФЕД е потсетник за пазарот дека ова ќе биде претпоследното, можеби последно, зголемување на каматните стапки и тоа беше главната грижа на учесниците на пазарот, особено во однос на технолошките акции“, рече Риши Садарангани, од хеџ фондот R/Evolution Gate.

Позитивно расположение вчера имаше и на повеќето европски берзи, па лондонскиот FTSE индекс го заврши тргувањето со плус од 0,17 отсто, на 7.691 поен, а франкфуртски DAX за 0,13 отсто, на 16.211 поени, додека париски CAC ослабе за 0,16 проценти, на 7415 поени.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе