Вработените во „Еурокомпозит“ повторно на протести, плати нема

Прилеп, 19 април 2018 (МИА) - Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ денеска два часа (од 12 до 14 часот) го блокираа патниот правец Прилеп-Градско на излезот од градот пред Плетвар барајќи да им се исплати една плата, како што е договорено со Владата и што поскоро да се назначи нов директор на компанијата.

Според Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација, иако протестите беа најавени да почнат од понеделник, тие  решиле од денеска да протестираат зашто биле информирани дека за нов директор ќе се чека најмалку еден месец.

- Најавивме од понеделник протести но новиот претставникот на државниот капитал на компанијата од кабинетот на вице-премиерот Анѓушев, Софија Јовановска не информираше дека постапката за именување нов директор ќе трае околу 30 дена и треба дотогаш да работиме и да чекаме. Работниците не сакаа да чекаат и излеговме на протест, зашто претходно еден месец и половина немаме земено плата, а ќе помине уште еден месец. Бараме во најкус рок да добиеме плата. Инаку, дел работници се во погоните и работат зашто некои процеси не може да се запрат, рече Богданоски најавувајќи дека секој ден времетраењето на протестите ќе се зголемуваат по еден час.

Од почетокот на годината, вработените велат дека добиле еднаш по 5.000 денари и платата од пред еден месец од 20.000 денари по постигнатиот договор со Владата. Според тој договор секој месец да добиваат по една плата, а по шест месеци да се реши ситуацијата со компанијата и да се најде стратегиски инвеститор.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Read more

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Read more
 

Вести

  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе