ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Втор круг во Куманово: СДСМ против „СДСМ“

Со 99,89% преброени гласови во втората најголема општина во државава, веќе извесно е дека вториот круг ќе биде решавачки, а таму актуелниот градоначалник и одметник од СДСМ ќе води борба со својот довчерашен сопартиец.

Навистина тесна е битката за Куманово каде по првиот круг води актуелниот градоначалник Максим Димитриевски со 15.151 глас (или 32,82%), малку пред Оливер Илиевски од СДСМ кој доби 15.098 гласови (или 32,71%).

Овие двајца во вториот круг ќе го дадат победникот, а одлучувачки ќе бидат галсовите кои во првиот круг завршија на контото на останатите кандидати.

Трет со 8.567 гласови (или 18,56%) е Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, четврти е Беким Салиу од Алијанса и Алтернатива со 4.254 гласови (или 9,21%), додека солиден процент освои најмладата кандидатка за градоначалник во овие избори, Теодора Димитровска од ЛДП/ДОМ со 1.026 гласови (или 2,22%).

Вториот круг е закажан за 31 октомври (недела).

реклама

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе