Вучиќ објасни зошто Србија гласаше за исфрлање на Русија од Советот на ОН

Александар Вучиќ и Владимир Путин разговараа телефонски пред два дена.

Според српските медиуми, Путин му ја честитал изборната победа на Вучиќ, а се осврнал и на војната во Украина.

Вучиќ синоќа гостувајќи на РТС го раскажа тој разговор и односот со Путин.

„Ние се знаеме долго време и нема да прифатам како што го нарекуваат Хитлер, лудак и хистеричен. Стабилен е и рационален. Постигнавме договор и тоа е важно за Србија. Ми кажа дека ситуацијата во Украина оди според планот“, рече Вучиќ.

„Не побарав од него да ми каже за тоа бидејќи ние сме мала земја која не може да ја реши судбината на светот, но тој ми кажа дека на претставниците на многу помали земји од ЕУ им дал објаснувања за ситуацијата во Украина и Буча“, рече Вучиќ.

Објасни зошто гласале за исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН

Да потсетиме, Србија вчера гласаше за исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН.

Вучиќ истакна дека Србија била под голем притисок и уцена пред гласањето за суспензијата на Русија од Советот за човекови права на ОН. Вучиќ рече дека примарната одлука на Србија била да се воздржи при гласањето, но потоа пристигнале безброј тешки притисоци, наведувајќи дека тоа нема врска со личен притисок, туку со притисок врз земјата.

„Тогаш ви велат, знаете дека денеска и во наредните денови се решава судбината на Србија, дали ќе бидеме изземени од пакетот санкции за нафтата“, рече Вучиќ.

„Сакам луѓето да разберат. Србија е под голема уцена. На Србија ѝ се заканува ‘нуклеарен удар’, не вооружен, туку пакет санкции и запирање на европскиот пат. А што да правиме, ги прашувам овие патриоти? Србија е единствена во Европа која нема воведено санкции кон Русија. Добив орден Александар Невски и знам што зборувам и што прави Србија. Успеваме да издржиме сè. Го одржуваме нашиот политички курс, чесен, морален и чесен. Не сме изолирани од светот, нема да ѝ свртиме грб на Русија, но сме на европскиот пат“, рече Вучиќ.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање – 60 години за жени, 62 за мажи

Читај повеќе

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Читај повеќе

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Читај повеќе

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Читај повеќе

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Читај повеќе

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Читај повеќе

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе