За 24 часа во Скопје хоспитализирани 79 лица, во ковид-центрите се лекуваат 1.427 лица

Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а во главниот град 592 лица. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.427 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 86 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 71 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 120, во ковид-центарот во Гостивар 38, а во Струга 12 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 17, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 592 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 24 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 16 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 20 нови пациенти и 6 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 276 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 лица. На Клиниката за Детски болести има 21 пациент позитивен на ковид 19 вирусот и 7 на ГАК .

Вкупно 592 пациенти потврдени и сомнителени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе