Заев бара избори на есен

Лидерот на СДСМ порача дека сите политички партии треба да докажат дека ја поддржуваат работата на СЈО, што според него е особено важно по вчерашното обраќање на Претседателот Ѓорге Иванов.

Заев појасни дека не излегуваат од Собранието, туку само ја замрзнуваат работата во пленумот и комисиите, бидејќи, според нив, е индикативно Судот да не одлучува и по 8 месеци откако е поднесена иницијатива за уставноста на СЈО, ако се имало во предвид дека за иницијативи на власта решаваат и за три дена.

Заев побара и вклученост на граѓаните во преговарачкиот процес и побара да прекине прогонот на граѓаните што протестираат.

„Ако имаат докази дека се спрема граѓанска војна нека ги објават. Тој е должен јавно да ги објави тие докази дека странски разузнавачки служби спремаат војна, а ако не, веднаш нека си поднесе оставка“, рече Заев осврнувајќи се на вчерашниот говор на Иванов и додаде дека е стравотно тој да ја споменува армијата во овој контекст.

„Бараме брзи изброи и разрешница на кризата. Минимум условите мора да бидат исполнети. Прочистувањето на Избирачкиот список мора да биде направено и реформите во медиумите мора да се исполнат“, додаде Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање дали сепак  ќе се стигне до регуларни избори што треба да се одржат во 2018 година, тој рече дека (ВМРО-ДПМНЕ) „може да сонуваат за 2018 година“.

„Па ова не го правевме за да издржиме до 2018 година. Оваа е криминална власт и час поскоро треба да заминат. Ајде есенва да одиме на избори. Полн легитимитет на победникот може да донесе стабилна влада. Нели се фалат дека водат од анкетите, зошто бегаат од избори. Знаат дека ако се случат избори колони народ ќе чекаат да гласаат за да замине Никола Груевски. Тоа го знае и Никола Груевски и Али Ахмети. Го повикувам него да преземе чекори“, рече Заев.

За повлекување на неговата аболиција за случајот со градскиот пазар во Струмица и трговскиот „Глобал“, Заев рече дека се работи за политички монтиран процес.

„Процес што беше награден како најдобра пракса за јавно приватно партнерство. Му укажувам да ја повлече како и сите други што ги повлече, ако тоа му го дозволува законот. Јас да се бламирам немам намери“, додаде тој.

За предлозите на СДСМ за прочистување на Избирачкиот список рече дека во моментот има и Работна група во ДИК.

„Граѓаните мора да веруваат дека со својот глас ќе влијаат на изборите. 71.000 граѓани коишто 10 години или во десетте бази воопшто не се појавуваат. Во 25 години никојпат не поднеле барање за лична карта или пасош. 123.000 граѓани кои беа намалени на 107.600 граѓани коишто

последната година не се појавуваат во ниту една база. Треба да се стават во втор дел на Избирачкиот список. Тие ќе бираат каде ќе гласаат, дали во земјите каде што живеат или овде. Никој не ги брише. 176.000 со постојните 180.000 ќе имаме 350.000 дијаспора. Ако некој не се смета за дијаспора ќе се пријави овде. Најважно е тие 42.000 што не ги нашле дома, да се пријават. Ако не се пријават, ќе се бришат. Ако некој го има, нека се пријави со валиден личен документ и ќе биде впишан. Никој не смее да го злоупотребува нивниот глас“, рече Заев.

Појасни дека битни се реформите во медиумите кои се важна алатка, а додаде дека немаат намера да воведуваат цензура, туку имаат намера да ги професиноализираат државните институции, МРТВ и Советот на Агенцијата за аудиовизуелни комуникации.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе